Внимавајте, хаубата на Spark може да се отвори во возење

83

Според последната информација, околу 37.000 модели во Германија, на исклучително популарниот и продаван кај нас Chevrolet Spark, се повикуваат во мрежата на Opel на инспекција и поправка.

Кај засегнатите Спаркови произведени во периодот од 2010 до 2015 (ги има 225.000 единици во светот) е забележан проблем кај прицврстувачот на предната хауба. Поради корозија, предната хауба не се затвара комплетно, па при големи брзини може неочекувано да се отвори, со што може да предизвика намалена видливост, оштетување и, секако, паника кај возачите која може да заврши со тешки сообраќајни незгоди.

Проверката и поправката ќе траат околу 30 минути, а во инструкциите доставени до сервисната мрежа на Опел, треба да се замени затварачот и бравата на предната хауба.

Реклама