Hella целосно го превзема Pagid

51

Германскиот технoлошки џин Hella oбјави дека ќе ги превземе преостанатите 50% од акциите кои се во сопственост на TMD Friction и целосно ќе ја превземе компанијата HELLA Pagid.

Компанијата Hella Pagid,беше основана во 2013 година помеѓу Hella и производителот на системи за сопирање TMD Friction. Koмпаниите не ги објавија условите под кои е завршена оваа трансакција и комплетното превземање на компанијата за сопирачки.

-“Во изминатите десет години Hella Pagid се профилираше како комплетен производител на системи за сопирање и вистински лидер во оваа дејност” – изјави Стефан ван Дале, генералниот директор на одделот за Солуции за животен циклус, “-a сопирачките,како такви, се покажаа како клучен сегмент во нашиот бизнис со афтермаркет (независни) делови. Затоа, сакаме во иднина нашите производи да се продаваат под заштитното лого на Hella.