Кинески Chery ќе произведува возила во Барселона

182

Кинескиот производител на автомобили Chery влезе во заедничко вложување со EV Motors од Шпанија за производство на автомобили, што е уште еден конкретен чекор во освојување на стариот континент.

Планот е да се искористат капацитетите на фабриката во Барселона, која некогаш му припаѓаше на Nissan. Chery во оваа фабрика ќе започне со производство на моделот Omoda, а кон крајот на годината автомобили ќе конструира и главниот акционер во заедничкото вложување – EV Motors.

Засега нема информации дали Каталонските власти му понудиле одредени субвенции на новиот правен субјект, иако веќе е извесно дека ќе биде обезбеден бесплатен тренинг за поранешните вработени во фабриката Nissan и за нивно преадаптирање на новиот производен процес.

Извор – Chery

Инаку, Chery објави дека во 2023 година продал 1,9 милиони автомобили, што претставува пораст во споредба со минатата година за дури 53% (нешто непоимливо во веќе етаблираните европски брендови кои повеќе години се соочуваат со стагнација и пад во продажбата).

Од вкупната бројка на продадени автомобили на Chery, дури 937,148 единици доаѓаат од извозните пазари.

Реклама