FILTRON со дополнителна заштита во кабинските филтри

67

Во суштина, кабинските филтри, го прочистуваат (филтрираат) воздухот што патниците го дишат во внатрешноста на автомобилот.

Сите кабински филтри на FILTRON како стандард ја вклучуваат PROTECT+ технологијата што ги намалува алергенсите и спречува појава на влага и мувла, како и развој на бактерии во кабинскиот филтер. Со тоа директно се подобруваат комфорот и безбедноста при возењето.

Според фабриката, секој кабински филтер на FILTRON има дополнителна заштита, направена од микрочестички кои се видливи под микроскоп.

Фото – FILTRON

Ефективноста на PROTECT+ технологијата и нејзината долгорочност е потврдена на МПА институтот во Бремен.

PROTECT+ технологијата од 2020 година е содржана во секој кабински филтер на FILTRON без оглед на тоа, дали се работи за обичен или карбонски филтер.

Активниот јаглен (карбон) е дополнителна доза на безбедност за патниците. Тој ги блокира штетните гасови како што се озонот, сулфур диоксидот и азотните оксиди, а се намалува и непријатната миризба во внатрешноста на автомобилот.

Филтрите на FILTRON можете да ги набавите во Ауто Тренд.

Реклама