Нови кабински филтри на BOSCH ќе штитат и од вируси

48

Германскиот производител BOSCH лансира нова серија на кабински филтри во групата “Filter+Pro” кои ќе ја заменат серијата “Filter+” и кои поради новиот дизајн и структура ќе нудат многу поголема заштита, а ќе штитат дополнително и од влез на вируси во кабината.

Благодарение на новиот дизајн и употребени материјали во производството, вирусите нема да може да ја поминат оваа бариера, а ќе се спречи и формирање на мувла. Дополнително, филтрите ќе штитат и од бактерии, полен и разни видови на алергенси.

Активниот карбон во филтерот, ги неутрализира и штетните гасови на озон и смог, а ќе штити до 98 проценти и од честитки прашина со големина до 2,5 микрометри.

BOSCH препорачува кабинските филтри да се менуваат на 15.000 км или еднаш годишно.