VW Transporter ќе се конструира во Турција

34

Новиот VW Transporter, адутот на германската компанија во сегментот на средни комбиња, ќе се произведува во фабриката на FORD во Турција.

Во истиот погон на Турскиот конгломерат FORD Otosan во Кочели (во североисточниот дел на Турција), ќе се произведува заедно со FORD Custom, што е очекувано имајќи предвид дека двете комбиња се заеднички развиени од страна на VW и FORD.

Фото – FORD. Фабриката во Кочели, во која ќе се произведуваат VW Transit и Ford Custom

Почетокот на производството на Transporter кое се сли од фабриката во Хановер е планирано на крајот од годинава, а целта, секако е да се заштеди на трошоците за производство.

Новиот Transporter се натпреварува во сериозно компетитивен сегмент во кој традиционално се борат – Peugeot Partner, Citroen Jumpy, Opel/Vauxhall Vivaro и Fiat Scudo (од групацијата Stellantis); Renault Trafic; и Mercedes-Benz Vito.

Реклама