Citroen C3 Aircross, влегува во борба во силно конкурентниот сегмент

164

Stellantis го промовираше својот адут за борба во силно конкурентниот B-SUV сегмент.

Новиот C3 Aircross ќе има должина од 4,39 метри и простор во внатрешноста за поставување на 7 седишта, што треба да е и најголемата компаративна предност на моделот.

Фото – Stellantis

Поставен е на Smart Car платформата на Stellantis, a сосема очекувано, најавено едека покрај традиционалните бензински, ќе има и мајлд хибриден мотор, како и комплетно електрифициран агрегат.

Дополнително е најавено дека новиот SUV ќе има агресивна цена сокоја ќе се натпреварува во сегментот во кој се позиционирани и Dacia Duster, новиот кинески MG ZS, VW T-Cross, Hyundai Bayon, Kia Stonic, Seat Arona a наскоро во ова друштво ќе се појави и Opel Frontera (од истата групација – Stellantis).

Реклама