Pro Line – Центри
LIQUI MOLY, производителот на моторни масла, масла за менувачи, адитиви и сервисни препарати од Германија, преку својот дистрибутер во нашата земја, започна да ја развива својата специјална мрежа на т.н. LIQUI MOLY Pro-Line Центри.
Во мрежата ќе членуваат сите посветени сервиси, продавници за резервни делови и бензински пумпи кои ќе искажат интерес за тоа, а истовремено ќе задоволат одредени стандарди кои ги поставува LIQUI MOLY.
Целта на проектот е да се создаде мрежа на професионални партнери, во кои клиентите ќе може да имаат целосна доверба, со унифициран квалитет на инфраструктурата, опремата и стандардите на услугата.

Во овие центри клиентите ќе може да ги најдат производите на LIQUI MOLY, да добијат професионално одржување и сервис на возилата, со опрема и материјали препорачани од LIQUI MOLY.
Ова особено важи за сервисите, во кои се настојува клиентите да добијат врвно, позитивно искуство.
Ако имате сервис или продавница за резервни делови и сакате да станете дел од новата мрежа, ќе ве интересираат следните информации :
Кои стандарди треба да ги исполните за да станете LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР :
- LIQUI MOLY брендирање на надворешниот дел, внатрешноста на сервисот (продавницата) и просторијата за чекање
- Да имате завршено обуки за дејството и апликацијата (употребата) на адитивите, заедно со обуките за моторни масла и нивна примена
- по завршување на обуката, ќе добиете сертификат од LIQUI MOLY за да им покажете на клиентите дека сте во тек со стандардите во индустријата на подмачкување.
- LIQUI MOLY е главно моторно масло во вашиот центар
- Да ги поседувате LIUI MOLY адитивите и ATF течностите на залиха, и да ја употребувате специјалната техничка опрема на LIQUI MOLY
- LIQUI MOLY логото мора да биде изразено на веб страната на вашиот центар
- Објектот мора да е чист и организиран одвнатре и однадвор.
- Мора да се прави проверка на месечно ниво дека објектот ги задоволува барањата на LIQUI MOLY
LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАРОТ ќе ги добие следните БЕНЕФИЦИИ :
МАРКЕТИНГ:
- Сервисот или продавницата ќе бидат објавени на веб страната на LIQUI MOLY Македонија како LIQUI MOLY PRO-LINE ЦЕНТАР
- Ќе ги користите предностите на социјалните мрежи на LIQUI MOLY Македонија
- Ќе можете да ги искористите предностите на централните реклами на LIQUI MOLY во земјата и странство
- Поддршка на локално ниво – во вашата средина (преку заеднички акции и кампањи)
- PRO-LINE рекламни фолии за прозорците
- Сталажи и дополнителен изложбен материјал
- Центарот на LIQUI MOLY ќе биде објавен во нашиот newsletter
- Сертификат со годината во која центарот се стекнал со титулата LIQUI MOLY PRO-LINE CENTER
ПОДДРШКА:
- континуирана поддршка и тренинг
- Обука и материјали за дополнителна продажба на материјали, услуги и продукти за вашите приемни консултанти и техничари.
ДРУГИ БЕНЕФИЦИИ :
- Дополнителен попуст за производите на LIQUI MOLY
- Попуст на материјалите од LIQUI MOLY TEAM FAN SHOP
- Дополнителни презентации на центарот, во сопствените и надворешни медиуми
Контактите на LIQUI MOLY Македонија може да ги најдете на следниот линк.