Автомобилскиот саем во Париз е во полн ек, а на него се присутни голем број на производители на возила, меѓу кои, секако и брендовите под капата на Стелантис.

Еден од тие брендови е во едно време, германскиот, Opel.
Опел на Саемот го претстави концептот STX, со кој како да сакаше да ја изрази својата заложба и понатаму да ги одржува во живот каравансите верзии.

Секако, како концепт, и овој модел од Раселсхајм е храбар, футуристички и веројатно далеку од некоја сериска изведба, иако нема да чуди ако некои од дизајнерските идеи и концепти се најдат во некои идни претставници на брендот.

Од она што може да се види, впечатлива е предницата, на која предниот поклопец (хаубата) е иклучително долг, особено ако се земе предвид дека под него не се крие мотор.
Сепак, главниот хајлајт, доаѓа во задниот дел, каде до израз доаѓаат мускулестите задни калници и тенките C-столбови кои се претопуваат во кровот и задните прозори.

Во моментов, Опел не објави слики од ентериерот на концептот, но веројатно и тоа ќе го видиме наскоро.

Погледнете ја последната Епизода 5 од Темпо Магазин :













