Според последните информации, BBC подготвува нов водител во култната автомобилска емисија Top Gear.
Многумина не очекуваа како ново име да се појави Гордон Ремзи, еден од најпознатите готвачки шефови во светот.
Иако снимањето ќе почне во 2027 година, првите епизоди со Ремзи се очекува да бидат емитувани во 2028 година.
Треба да се напомене дека Ремзи не е за прв пат во емисијата. Напротив, како гостин тој веќе од 2002 до денес се има појавено три пати.
Покрај големата популарност во светот, Годон Ремзи е познат и како голем вљубеник во авто индустријата, а и самиот е сопственик на сериозна колекција на автомобили меѓу кои и Ferrari F40.
Инаку, Тоp Gear постои од 1970 година, но немаше толку популарна, се до 2012 година, кога легендарниот Џереми Кларксон, кој вети и исполни дека во емисијата е забрането да се емитува досаден материјал.

Златната ера на Топ Гир, заврши во 2015 година, кога Кларксон, откако зад камерите го удрил продуцентот, беше отпуштен од емисијата.
По инцидентот, Кларксон, заедно со неговите пријатели и ко-водители, Ричард Хамонд и Џејмс Меј, продолжија да го негуваат својот концепт во The Grand Tour на Амазон, а BBC продолжи да го снима Top Gear по малиот застој во 2026 година но со нова постава.

Во новиот тим на Топ Гир, влегоа Крис Харис, авто новинар, Фреди Флинтоф, поранешен професионален играч на крикет и Педи Мекгинис, комичар, како лидер на екипата.
Шоуто се емитуваше до 2022 година, кога при тестирање на нов Morgan 3 Wheeler, Флинтоф, откако се преврте тестираниот примерок, доживеа страшна повреда од која сеуште има лузни на лицето, по што шоуто времено запре.
Не само што запре, туку според информациите, Флинтоф се спогодил со BBC за вкупна оштета во вредност од 11 милиони евра.
Според последните информации, Top Gear, се враќа на малите екрани.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













