На Саемот во Париз, Alfa Romeo, се претстави во своите главни атрибути – Италија, спортски дизајн, црвена боја…
Особено спектакуларен е концептот Alfa Romeo Cuorerosso кој треба да ја прикаже нескршливата врска помеѓу човекот и машината.

За жал, во Алфа Ромео, велат дека овој концепт нема да оди во сериско производство, туку претставува поглед во идната дизајнерска филозофија на брендот под името Bellezza Necessaria.
Во Alfa Romeo велат дека Cuorerosso е долг 4.7 метри, широк 2 метри и висок 1,3 метри што го прави за нијанса подолг, поширок и понизок од Alfa Romeo Giulia.














