Koи се најпродаваните автомобили во Европа?

101

Според последните податоци од Dataforce кои покриваат околу 98% од вкупната продажба на нови автомобили во Европа, на врвот на продажната табела се возила од сосема различни категории.

На челото, сеуште се наоѓа Романскиот автомобил Dacia Sandero, со вкупна бројка од 181,080 примероци во првите десет месеци од годината. Оваа бројка е за 10.7% пониска од онаа во истиот период минатата година, но сеуште доволна за да се задржи на врвот.

Одличен тренд бележи и електричниoт автомобили од САД, Tesla, чиј модел – Tesla Model Y , со 175,862 примероци е на второто место со одличен тренд (пораст) од 51.6% споредено со претходната година (115,970 продадени автомобили).

На трето место е Volkswagen Golf , со 168,263 примероци, четврт е Volkswagen T- Roc со 162,492, а на петото место е Renault Clio со 157,728.

На шесто место на европскиот пазар e Toyota Yaris Cross со 155,194 продадени примероси, седми е Volkswagen Tiguan со 154,662, а Peugeot 208 со 153,225 продадени автомобили е првиот автомобил на Стелантис Групацијата во табелата.

Девети е Peugeot 2008 со 135,389 и на десетото место е Citroen C3 со 133,863.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама