Не е никаква тајна дека меѓународната групација Stellantis во која влегуваат 14 автомобилски брендови, од кои некои од најзвучните се Peugeot, Citroen, Fiat, Opel, Alfa Romeo, Jeep… се соочува со најтешкиот период во својата историја.
Минатата година ја прокнижи највисоката загуба во својата историја од 22,3 милијарди евра!
Кризата, очигледно не стивнува ни оваа година, бидејќи само во третиот квартал од 2026 година Стелантис прикажа загуба од 311 милиони евра!

Како резултат на тоа, и на обидот да се намалат трошоците и стабилизира разнишаната групација на автомобили, според Францускиот магазин Le Figaro, во секој момент се очекува да се донесе одлуката Стелантис да се повлече од сите групациски поврзани активности во моторспортот.
Тоа би значело дека Пежо треба да се повлече од World Endurance Championship (WEC), со што ќе ја напушти и легендарната 24 часовна трка на Ле Манш.
И Опел и Цитроен би требало да се повлечат од Formula E, a Lancia треба да го напушти WRC2.

Сите овие активности би требало да ги намалат групациските трошоци за околу 300 милиони евра, а ова е само дел од планот на генералниот директор Антонио Филоса, да оствари заштеда од околу вртоглави 6 милијарди евра до 2028 година.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













