Eвропа го ограничува бројот на хибриди кои може да се увезат во ЕУ

46

Европската Унија продолжува спас од силната Кинеска конкуренција во авто индустријата да бара во царински давачки и ограничувања.

Откако воведе високи царински стапки за електричните автомобили на ред дојдоа и хибридите, сегмент во кој Кинезите стануваат се’ посилни и посилни.

Ако се верува на реномираниот магазин Блумберг, Унијата ќе го ограничи бројот на хибриди кои може да се увезат во Унијата, за следната, 2027 година на 350.000 возила, а потоа ова квота ќе се зголемува секоја година за 5%.

За споредба, само оваа година, во Европа беа увезени повеќе од 800.000 хибриди произведени во Кина.

Без оваа мерка, голема е веројатноста дека Кинеските конкуренти ќе ги збришеа европсите производители. Тоа го покажуваа и статистичките податоци во првото полугодие од 2026 година, според кои дури 25% од сите плаг-ин хибриди продадени во Европа, потекнуваа од Кина.

Погледнете ја Епизода 5 од Темпо Магазин :

Реклама