BYD доби забрана да го продава Ti7 во Европа. Зошто?

32

Неодамна пишувавме дека Јаguar Land Rover покрена постапка против BYD пред европските власти, обвинувајќи ги Кинезите дека безобразно го копирале нивниот легендарен автомобил Defender.

Kонкретно – Jaguar Land Rover покрена уште една правна постапка, во која ја тужи Кинеската компанија BYD, чиј луксузен бренд Fangchengbao го лансираше моделот Ti7, а кој според луѓето од JLR претставува безобразна копија на нивниот Land Rover Defender.

Повеќе за постапката прочитајте на линкот : тука.

Според последните информации, европските органи донеле одлука да му забранат на BYD да го продава својот примерок Ti7 во Европа, бидејќи е докажано дека сличностите на моделот се преголеми со Defender, а со тоа и директно се прекршени авторските права и правата на интелектуална сопственост.

Со тоа, BYD Ti7, не само што не смее да го продава, туку не смее да го произведува овој автомобил во својата фабрика во Унгарија.

Очекувано, луѓето од BYD не се согласуваат со одлука и најавуваат жалба.

Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама