Нов електричен GTI концепт на Volkswagen!

48

Германскиот бренд Volkswagen 50-годишнината на својата специјална линија на спортски автомобили со ознаката GTI, по промоцијата на својот Golf GTI EDITION 50, и новото ID.Polo GTI  ја прославува со уште еден атрактивен автомобил со врвни спортски перформанси.

Овојпат станува збор за концепт, ID. Polo GTI Clubsport Concept на струја кој постигнува максимална брзина од 240 km/h , од 0 до 100 Km/h забрзува за 4,7 секунди и располага со моќност од 270 kw.

Со него практично го добиваме четвртиот модел во гамата на Volkswagen со ознаката GTI, што и не треба никого да чуди,ако се земе предвид фактот дека во компанијата, автомобилите од семејството GTI (што претставува кратенка од називот – Grand Tourer Injection) досега се продадоа во фантастични 2,5 милиони примероци.

Koнцептот својата премиера ја има на Авто Салонот во Есен, кон крајот на ноември 2026 година.

Од она што можеме да го видиме се работи за модел со две врати, голем преден распределувач, дифузер и задно крило.

Дизајнот практично, произлегува од серискиот модел ID. Polo GTI со моќност од 166 kW.

Дизанот е чист, а спортските карактеристики на моделот се изразени преку посебни линии карактеристични за моторспортот.

Особено значајна е силуетата со 2 врати, наместо онаа со 4 кај серискиот модел на ID. Polo GTI, големиот спортски сплитер / или раздвојувач во редниот дел, пошироката задница, новиот дифузер и задното крило направено од карбон фибер.

Погонот на концептотм, исто така е на предните тркала, каков што е впрочем и погонот кај серискиот модел.

Ентериерот е исто така, прилагоден на тркачките патеки, а од продукцискиот модел само е задржан распоредот на кокпитот. Така на пример, кај концептот нема инфотејнмент систем. Фокусот е само на ергономијата и возењето. Возачот и совозачот седат на Рекаро седишта со појас во пет точки.

Постојат само тие две седишта, доека задниот дел и багажниот простор се целосно испразнети.

Наместо задни седишта поставена е роловер шипка во Торнадо Црвена боја интегрирана над и зад предните седишта.

Инструмент таблата, страничните тримови и многу други детали се внимателно изработени од рацете на стажантите во Волксњаген, чија директна инволвираност е присутна и во другите фази на развој на концептот.

И електричната инфраструктура е прилагодена на високите перорманси кои треба да се извлечат од ID. Polo GTI Clubsport Concept. Батеријата е високоволтажна со капацитет од 52 kWh. Прлагодена е и шасијата за да обезбеди прецизно управување и висока тракција на спортските стази.

ID. Polo GTI Clubsport Concept е поставен на модуларната (MEB+) електрична платформа и воедно претставува најдинамичниот ID. Модел со погоне на преднитетркла досега.

Наместо 290 каj новиот концепт вртежниот момент изнесува дури 550 Nm, благодарение на новиот APP550 мотор со висок вртежен момент, инаку наменет за вградување одзади кај големите модели ID. Tiguan или ID.7

Вградени се и нови керамички сопирачки клучни за безбедноста на возилата кои развиваат големи брзини

Како и кај сите брендови така и кај Volkswagen, концептите се одлична можност да видиме како брендот ја гледа иднината на дизајнот, функционалноста и технологијата вбризгани во своите сериски модели.

Во тој контекст, и покрај сите проблеми со кои Групацијата се соочува, ни се чини дека ID. Polo GTI Clubsport Concept, ветува добра и динамична иднина на сите модели со ознаката GTI.

Kликни на сликата и уживај…

Реклама