Популарниот Кинески производител на мобилни телефони, кој неодамна моќно се вклучи и во производството на автомобили, ги запре шпекулациите и објави дека го има првиот голем SUV во својата понуда.
Се работи за моделот N90, кој ќе се произведува под заштитното лого и име на првиот суб бренд на компанијата со име – Sky Nomad.
Sky Nomad ќе плива во новиот, растечки сегмент EREV (range-extender), или возила со продолжен домет, а возилата на овој нов суббренд ќе коегзистираат со моделите на Xiaomi – SU7 и YU7.

Првиот, голем SUV, N90 ќе биде долг 5,3 метри, со меѓуоскино растојание од 3,1 метри,а ќе може да се порачува во конфогурација со пет или седум седишта.
За разлика од моделите SU7 и YU7 кои се целосно електрични, N90 ќе биде опремен со бензински 1,5 литарски турбо мотор и кој ќе работи само за да ја полни батеријата (не за да ги врти тркалата).
Самата батерија ќе има капацитет од 70 kWh, доволни за испорачување на домет од 400 до 500 км, додека целиот систем ќе нуди автономија од 1.500 километри.
Овој потег е сериозен дел од стратегијата со која Xiaomi планира да оствари продажба од 550.000 возила во 2026 година.
Моделот треба да биде достапен во втората половина на 2026 година.














