Премиера. Нов склоплив волан

398

Кинеската компанија BYD го промовира првиот автомобил со волан кој може да се склопи во предната табла.

Станува збор за моделот Fangchengbao Ti9, голем SUV, со плаг-ин хибриден погон.

Со притискање на едно копче, со помош на посебен мехаизам, воланот се склопува во предната табла, што претставува и првиот продукциски модел со оваа технологија.

Целиот процес на склопување трае максимални 10 секунди.

Ако се прашувате зошто би била смислена оваа технологија, одговорот е – затоа што склопување на воланот, што може да се изведе само додека возилото е во паркирна позиција, се отвара дополнителен простор пред возачот кој може да му помогне да се одмори или да сработи нешто оддалеку.

А за да може тоа да се изведе, пед возачот може да се отвори монтажно лап топ масиче кое се фиксира на држачот за чаши, како на сликата погоре.

Склопувањето на воланот не може да се направи во текот на возењето, ниту пак моделот нуди некакво автономно возење без раце.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама