Генералниот директор на Citroen официјално објави дека планира да ја воскресне легендарната, кај нас позната како “Дијана”.
Станува збор за моделот 2CV, во нашиот регион познат под називот Спачек (кој се произведуваше од 1948 година), а во 1967, се трансформираше во Citroën Dyane (1967 – 1983) како одговор на домашниот конкурент Renault 4.
За новиот 2CV веќе се појави и тизер кој треба да ја подготви јавноста за она што претстои.

Aвтомобилот кој уште беше познат како “полжав” бидејќи од 0 до 100 km/h забрзуваше за 30 секунди, сега ќе дојде како електричен автомобил со одлични својства, урбан карактер и достапна цена која ќе почнува од 15,000 евра.
Како и кај повеќето брендови кои ги оживуваат своите легендарни автомобили, и кај 2CV ќе има спојување на ретро коцкестиот дизајн со нови модерни дизајнерски нишки.

Продажбата на легендарната Дијана, треба да започне во 2028 година.














