Пазарот на возила во Македонија со двоцифрен раст

401

Според официјалните податоци на Царинската Управа, пазарот на возила во Македонија бележи двоцифрен раст (во процентни поени) во првиот квартал од 2026 година.

Според истиот извор, во периодот Јануари-Март 2026 година, во Македонија се увезени 3.067 нови патнички автообили (12% пораст во споредба со истиот период минатата година кога беа увезени 2.748 возила).

Уште поголем раст (16%) покажува пазарот на користени возила кој во првиот квартал бележи вкупна бројка на 12.862 возила (наспроти 11.091 во истиот период лани).

Ова е уште една потврда дека во нашата земја и понатаму доминира увозот на користени автомобили.

Практично, на секој еден нов, биле увезени речиси пет користени.

Кај новите товарни возила бележиме сериозен пад (од 3.437 во 2025 година на 342) но кој се должи на некаква грешка, или обична девијација бидејќи според извештајот, во Март, 2025, биле увезени 3.248 нови товарни возила.

Користените товарни возила се на истото ниво како минатата година (1011 – во 2026, наспроти 1004 во 2025).

Во првиот квартал од 2026 година е увезен само 1 нов автобус и 65 користени.

За жал, во Македонија, не можеме да дојдеме до попрецизни, точни и потврдени статистички информации за видот, брендот, моделот или моторот на увезените возила во земјата, бидејќи за жал, ниту една институција не се занимава со вакви обработки на податоци.

Реклама