Ова е новиот smart #2, кој ќе биде целосно електричен двосед, кој брендот треба да го понесе во сосема друго доба.

Помал е од три метри, што значи дека ги задржува своит емали, урбани, компактни димензии, но им сосема нови системи кои го подигнуваат нивот на безбедност, технологија и однесување на патот.
Во фокус е новиот Tridion Cell Evo, нов заштитен кафез кој ја подигнува безбедноста на патниците.

78% од неговата структура е направена од цврст челик, а покрај кафезот и челикот, за безбедноста се грижат и седум воздушни перничиња, и безбедносен појас со пиротехничко предзатегнување, сето тоа одговорно за подобро да го обезбеди и зацврсти телото во случај на сообраќајна незгода.
И покрај своите мали дизмении, smart #2 има батерија со капацитет од 35.8 kWh и автономија до 290 километри според WLTP комбинираниот циклус.

На брз полнач од 20% до 80% батеријата се полни за 20 минути.
Погледнете ја Епизода 5, од нашиот Темпо Магазин :













