Рачките на вратите, кои се скриени во каросеријата, за прв пат промовирани од Tesla, а подоцна општо прифатени од речиси сите производители на електрични возила од Азија, се чини дека ги одбројуваат своите последни денови.

Откако истите беа официјално забранети во Кина, за што веќе пишувавме во написот овде, сега истото ќе биде ископирано и во Хонг Конг.
Се планира комплетна забрана на возилата кои имаат само скриени рачки на вратите, кои изгледаат супер атрактивно, но, кои како што покажа праксата, може да бидат опасни по животот на патниците.

Опасноста доаѓа во време на пожар, кога се исклучува електрониката, а поради тоа, патниците не можат да ги отворат вратите однадвор, исто како што тоа не можат да го направат и минувачите или професионалните спасувачи однадвор.
Ваквата непредвидена состојба доведе до неколку опожарувања на возила, во кои беа дури загубени и човечки животи.
Кина официјално забрани новите автомобили да бидат опремувани со вакви рачки од 2027 година, а по се изгледа истото ќе го направат властите и во Хонг Конг, кои иако се дел од Кина, сепак имаат свои закони за регулација на безбедноста во сообраќајот.







