Наскоро, новиот Mercedes-AMG GLC 53!

36

Според неофицијални информации Германскиот бренд со трокраката ѕвезда, ни подготвува нов Mercedes-AMG GLC 53, за кој се шпекулира дека неколку недели, маскиран и камуфлиран се тестира на стазата во Нурбиргринг.

Се очекува овој тјуниран АМГ примерок да биде подготвен за пролетта 2028 година.

Во поглед на дизајнот, се чини дека најсериозните промени доаѓаат на предната маска и светлосните групи, кои ќе го носат новиот заштитен знак на Мерцедес.

Во ентериерот се очекува моделот да ги задржи сегашните – инструмент кластер зад воланот и вертикално поставениот екран чувствителен на допир во средината.

Исто така, се очекува моделот да биде опремен со три литарски мотор со шест цилиндри и блага хибридна асистенција.

Од 0 до 100 km/h моделот ќе забрзува за 4,2 секунди.

Погледнете ја нашата последна епизода од Темпо Магазин :

Реклама