Jaguar Land Rover претстави три нови возила, базирани на Land Rover Defender со кои се пријави на голем тендер во Велика Британија, надевајќи се и дека ова возило ќе влезе во листата на одобрени возила за опремување на НАТО силите.

Трите возила се дел од новата серија на Defender, која го враќа во живот името Wolf.
Kaj воените возила, освен светлата, хаубата и предните панели, речиси ништо друго не е исто како моделите кои циркулираат по автопатиштата.

Овие возила имаат предна шофершајбна (стакло) кое се вади, а и кабината е отворена, без класични врати и стакла. Во нив може да се стокмат четири членови на екипажот, заедно со нивната воена опрема.

За прв пат се појавува и новиот пикап, кој исто така може да најде повеќе функции.
Според луѓето од Jaguar Land Rover, новите возила подготвени за првите фронтовски линии, може да служат како Тактичко Мобилно Возило (TMV) , Utility Vehicle (UV) , како амбулантно возило – Battlefield Ambulance (BFA), Возило за генерална употреба (GPV), Командно и Контролно возило (C2V), и Моно – Тактичко Мобилно возило (M-TMV).

Имајќи го предвид се посилното ѕвечкање на оружјето и воената машинерија, нема зошто да не очекуваме и овој Land Rover Defender да се најде во првите борбени линии на фронтот, што од друга страна може да обезбеди сериозна финансиска инекција за автоиндустријата која ја живее веројатно најтешката фаза од својот развој.
Впрочем, веќе забележавме неколку трансакции со кои некогаш активните фабрики за автомобили се трансформираат за производство на воена опрема и технологија.
Погледнете ја најновата епизода на Темпо Магазин :













