Одговорот на ова прашање сигурно ќе ве збуни, а веројатно ќе го збуни и Американскиот Претседател Трамп.
Според последните информации, во Август 2026 година, со вкупно 13.820 продадени автомобили произведени во Кина, остварен е пазарен уддел од 49,1%, и тоа во Израел!

Само еден процентен поен го дели пазарот во Израел од состојбата во која половината на новопродадени возила ќе бидат со Кинеско потекло.
Силниот подем на Кинеските автомобили се чувствува на сите пазари во светот и Европа.
Интересно е дека и во соседна Грција, овој тренд е особено изразен, а во овој Август, 2026 година, на врвот на продажбата во земјата се наоѓаат двата споени Кинески брендови – Omoda-Jaecoo со 13,9% маркет шер!
Во топ 10 листата високо котираат и другите кинески брендови – Chery, BYD, MG, Geely…
- Omoda-Jaecoo 3,921 (13.9%)
- Toyota 3,042 (10.8%)
- Chery 3,002 (10.7%)
- Hyundai 2,735 (9.7%)
- BYD 2,077 (7.4%)
- KIA 1,950 (6.9%)
- MG 1,604 (5.7%)
- Skoda 1,446 (5.1%)
- Geely 800 (2.8%)
- SEAT 550 (2%)
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













