Ова е новата електрична Opel Corsa GSE!

176

Kaко дел од најавеното трио на GSE модели, автомобилската компанија од Раселсхајм ја претстави новата електрична Corsa GSE, која воедно ќе биде и најмоќната продукциска Corsa во историјата.

Електричната Corsa GSE ќе биде претставена на Саемот за автомобили во Париз во Октомври, но очигледно Германците не можеа да издржат од возбуда и веќе ги објавија првите фотографии и информации за овој атрактивен, спортски хечбек.

Во суштина, новата Corsa GSE треба од сите свои линии и елементи да го отсликува својот спортски карактер, впрочем затоа и го носи името GSE – Grand Sport Electric.

Новата Corsa GSE ќе испорачува моќност од 207 kW (281 коњски сили) и вртежен момент од 345 Nm.

Oд 0 до 100 km/h ќе забрзува за само 5,5 секунди, а максималната брзина ќе биде гравирана на 180 km/h.

Corsa GSE има погон на предните тркала, спуштена шасија со специјално дизајнирани осовини, стабилизатори и хидроулични амортизери, кои заедно со диференцијалот со лимитирано пролизгување треба да обезбедат врвна стабилност и однесување на патот.

За спортскиот карактер, сериозно придонесуваат и 18 инчните спортски тркала со пневматици – Michelin Pilot Sport 4S 215/40 R18.

Од Опел велат дека инспирацијата за Corsa GSE доаѓа од историскиот модел Corsa A, кога впрочем започнува приказната за овој мал урбан хечбек.

Останува до Октомври, да ја видиме одблиску и да се увериме дека ќе не натера да викнеме – OMG!

Реклама