Германскиот автомобилски супер бренд Mercedes‑Benz oвој мај на јавноста и фановите им ја претсави својата нова генерација на ултра популарниот модел – Ц Класа, а за промоцијата и премиерата беше избран моделот во целосно електрична изведба.

Јавноста, па и ние, му го посветивме неопходното внимание на овој модел кој беше промовиран во 1982 година, ко постави нови стандарди во сегментот со средна големина, и кој досега се продаде во повеќе од 12 милиони примероци, што го прави и најпродавано семејство на автомобили во гамата на возила од Штутгарт.
По електричниот, на ред дојдоа и новите модели, во седанска и караванска изведба со нови плаг-ин мотори.

Технологијата која се чини дека пазарот, имајќи ги предвид бројните ограничувачки фактори поврзани со електричните автомобили, полесно и подобро ги прифаќа.
Плаг ин хибридите на Мерцедес, како и сите останати модели се целосно подготвени за стандардите на издувната емисија EU7 кои следат во европската Унија.

Порачките веќе може да се прават во салоните на Мерцедес, а цената почнува од од 48.844 евра во германија.
Што знаеме за новата Ц Класа?
Дизајнот останува спортски, a предницата има поостри линии, веројатно инспирирани од S класата.
На предниот дел е поставена нова, помасивна маска за ладилникот со хромирана рамка и осветлени контури. Централниот панел ги поврзува хромираната маска на ладилникот со предните светла, и е во сјаен црн финиш. Предните светла,пак, на дневните светла имаат мотиви на ѕвезди, што ги прави уште попривлечни за секое око, а и предната ѕвезда на некои пазари е стандардно осветлена.

Браниците се помасвни, а изведени се и сосема нови 18 инчни алуминиумски тркала, заедно со стандардните 17 и 19 инчни тркала.
Оваа масивност, и сериозно брендирана предница, заедно со светлосните мотиви, сосема очекувано, има и свои критичари, кои сметаат дека непотребно се прави влез во нешто ново, необично,навидум модерно, а се напушта стариот добар чист дизајн на брендот.
За прв пат кај Ц кЛасата е достапна и AMG Line Plus опција, која дополнително ги нагласува перформансите и динамиката на овој автомобил. Тој вклучува некои интересни детали како што се специјален издув, споилер во сјајно црна боја, спортски седишта со црвен вез и црвени безбедносни појаси.

Во ентериерот се комбинираат 12,3 инчниот инструмент кластер, со 11,9 инчен вертикално поставен централен дисплеј кој дава пристап до сите функции на автомобилот. Воланот е мултифунционален, ергономичен и лесен за употреба. Прекинувачите зад воланот (популарно наречени ракети) ги оперираат темпоматот и Дистроникот, додека ролерите го контролираат звукот на инфотејнментот.
За совршениот звук се грижат 3д сараунд системот на Бурместер, 15 звучници и засилувач на звукот од 710 вати.
И ка новаа Ц класа, царува новиот Mercedes-Benz Оперативен Систем (MB.OS), кој ги менаџира сите домени поврзани со возилото и комфорното возење, а системот има и континуирани овер-д-ер апдејтирања, што го прави возилото актуелно за многу функции.

Покрај оперативниот систем, автомобилот на своите возачи им го нуди и виртуелниот асистент кој се активира со фразата “Hey Mercedes”, ја користи најновата гласовнатехнологија и со вас може да прави комплекни разговори и секако, да в помага во секојдневното возење и менаџирање на информациите.
Овој систем континуирано учи и се прилагодува на возачот, па врз база на разговорте и претходните искуства може веднаш да избере тип на музика или поткаст, со кој ќе обезбеди одлична удобност и чувство како дома во автомобилот.
Она што веројатно е позначајно, особено во урбаните средини, автомобилот е опремен и со интелигентна навигација базирана на Гугл Мапс, која ќе ви помогне најлесно да стигнете до вашата десинација, да излезете и од најкомплицирани сообраќајни метежи, па дури ќе побара и слободни места за паркирање за вас.
Как и секој Мерцедес, и новата Ц класа е опремена со бројни систеи на активна и асивна безбедност. Со MB.DRIVE ASSIST PLUS7, на пример, возилото може автоматски да менува енти на автопат, а MB.DRIVE PARKING ASSIST7 ќе се погрижи да го паркира и извади од паркинг вашето возило, без никакви проблеми и непријатности.

Новата Ц класа нуди многу простор за патниците и за куферите. Багажниот, кај караванот, има зафатнина од 490 литри, а со спуштени задни наслони за грбот истиот се зголемува на 1510 литри.
Полака доаѓаме до хајлајтот на денот, а тоа се новите плаг ин хибридни мотори. Кај нив четири цилиндерскиот бензински мотор се комбинира со моќен електро мотор.
Моделите C 400 e 4MATIC Saloon и C 400 e 4MATIC Estate испорачуваат системска моќност до 290 kW (395 књски сили) и вртежен момент од 650 Nm.
Високоволтажната батерија со корисна енергија од 19.53 kWh, нуди домет до 100 километри според WLTP2 што значи дека со новата Ц класа, можете да бидете комотни, и да возите на струја во секојдневните патувања во градот.
Плаг ин хибридите може да се полнат со струја до 11 kw на АC полначи, како што е домашниот бокс на ѕидот, како на ДЦ брзи полначи со струја до 55 kw
Може да се порачаат со погон на задните тркала или со погон на сите тркала.

Новите плаг ин хибриди нудат домет од 100 километри според (WLTP) стандардите што значи дека со новата Ц класа, можете да бидете комотни, и да возите на струја во секојдневните патувања во градот.
Се чини дека новата Ц Класа, ги има потребните алатки да се бори со своите главни конкуренти како што се BMW Тројка која е повеќе фокусирана на спортските емоции додека Ц Класата се обидува да обезбеди одличен комфор и уживање во возењето.
Електричната варијанта одлично се носи со BMW I3, а борбата продолжува и со останатите конкурентни модели како што се моделита Ауди А4 и А5, Genesis G70…
Погледнете го прилогот за новата Ц Класа, во нашиот Темпо Магазин :













