Седум дена дружење со BYD Atto 2 во Италија

129

Moјот приватен годишен одмор, го минувам на прекрасниот Италијански остров Сардинија, со магични плажи со бистра тиркизна вода и чудесни песочни плажи.

Но, одморот го искористив и за едно мало професионално уживање, да го пробам и извозам новиот SUV / кросовер на Кинескиот производител на автомобили BYD кој од неодамна ги започна своите операции и во Македонија.

Во овие седум дена се дружам со новиот BYD Atto 2 DM-i, хибриден кросовер со бензински мотор (погодувате 1,5 литри) во комбинација со електричен мотор, спарен со автоматски менувач.

Со овој супер хибрид, како што го нарекуваат Кинезите, сега се решава проблемот и загриженоста на европските возачи поради ограничениот домет (ранг во километри).

BYD ветува дека со полн резервоар на безоловен бензин и со активирање на батеријата, без проблем ќе поминете 1.000 километри.

Надворешно, се чини дека Кинезите, повторно споиле повеќе дизајнерски елементи кои проаѓаат на европскиот пазар. Моделот има атрактивна издигната предница, предни фул лед светла, и тенки дневни светла споени со тенка маска на која е поставено логото на Кинескиот производител BYD.

На предниот браник се излеани остри агли и вертикални воздушни завеси на левиот и десен крај од браникот.

Страничната линија има аеродинамичен изглед, и заштитни коцки на прагот, кои како да се како идеја, позајмени од Citroen Cactus, популарен модел на нашиот континент.

Eнтериерот делува коректно, со препонатливиот екран чувствителен на допир поставен на средината, преку кој можете да ги контролирате сите функции во автомобилот.

Седењето е високо и комфорно за семејство од 4 до 5 лица, а автомобилот е прегледен и лесен за маневар, особено благодарение на многуте системи на активната и пасивна безбедност, камерата за движење назад и асистентите за паркирање и возење.

Багажникот е комфорен со 1.335 литри зафатнина, сосема доволни за превоз на вашите торби и куфери на пократки и подолги релации.

BYD Atto 2 DM-i e долг – 4.330 мм (20 mm подолго од електричната верзија на Atto 2), широк 1.830 мм, висок – 1.675 мм и има меѓуоскино растојание од 2.620 мм, што навистина дава солиден простор и комфор во ентериерот и иако релативно големите димензии не се баш идеални за тесните улички во Сардинија, сепак возењето е лесно и без посериозни проблеми.

Повеќе информации и искуства од дружењето со BYD Atto 2 DM-i, во следните денови…

Реклама