GM ја запира продажбата на Corvette поради “банален” проблем

246

General Motors ја запре продажбата на околу 3.300 примероци на Corvette, произведени во 2025 и 2026 година, поради навидум банален проблем.

Утврдено е дека кај некои од посочените модели, софтверот не го информира возачот, кога ќе дојде до дефект на сијаличката во задното трепкачко светло.

Ова се смета за сериозен проблем и предметните возила се опфатени од сервисна акција на контрола и поправка.

Поновите модели ќе може да се “средат” со over-the-air апдејтирање на софтверот, додека другите ќе мора да се поправат во овластената сервисна мрежа.

Проблем е што во GM сеуште го немаат решението на овој софтверски проблем, но на истиот сериозно се работи и де очекува набргу, да ја крене рампата и да ги ослободи Корветите да излетаат надвор од дилерските салони.

Реклама