Кинеската компанија GAC, која е во сопственост на Кинеските власти, започна да ги продава своите возила во Франција и најави дека ќе го зголеми своето производство, а со тоа и продажба во Европа.
Инаку, кратенката во името доаѓа од зборовите GAC (Guangzhou Automobile Group), и е поврзано со централата која е во градот Гуангжау.
По официјалниот влез на пазарот во Франција, до 2030 година, компанијата планира да отвори 200 дилерства, од кои дури 50 треба да бидат веќе оперативни до крајот на оваа година.
Покрај Франција, компанијата е присутна и на пазарите во Шпанија, Португалија, Велика Британија и Финска, а на нашиот континент се склопуваат моделите Aion V и Aion UT, во фабриката на Magna Steyr во Грац, Австрија.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













