Oва користено Ферари се продаде за 9 милиони евра!

48

Ова користено Ferrari Enzo, со сребрена боја, на аукција се продаде за вртоглави 9 милиони евра!

Овој легендарен автомобил до минатата година се продаваше за цена од 3,5 до 4 милиони евра.

Ова ретко Ferrari Enzo, произвеено во 2003 година го најде својот сопственик за 9 милиони евра (поточно 8,8 милиони). Обоено е со сребрената “Grigio Titanio ” боја, со која фабрички беа обоени само шест примероци, што пак дополнително го прави моделот редот и поскап.

Дополнителна вредност, примерокот добил и поради бројката на одометарот, кој покажувал изминати само 4,871 километри.

Инаку, моделот е опремен со 6,0 литарски V12 мотор со моќност од 660 коњски сили.

Реклама