Седум години по официјалното лансирање на својот Taycan, првите луѓе во Порше признаваат дека моделот на струја излегоч прерано и дека публиката сеуште не била подготвена за целосно елктрични автомобили.
Ова признание неодамна го даде генералниот директор на Порше, Михаел Леитерс, на еден панел на популарниот германски магазин – Auto Motor und Sport.
Тој додал дека компанијата, најверојатно избрзала обидувајќи се брзо да ја “гушне” и форсира електрификацијата.

Во тоа време, како штп надополнува Леитерс, публиката сеуште не била свесна за сите предности и бенефиции кои би ги донел еден целосно електричен спортски автомобил како Тајкан.
А реалноста се гледа и во бројките.
Во 2020 година беа продадени 20,015 примероци, веќе следната бројката порасна на 41,296 продадени возила.
Но по овој “пик” следи падот на продажбата. 34.801 возило во 2022 и 40.629 во 2023 година. Во последните две години бројката на продадени Тајкан-и паѓа на 20,836 испораки во 2024 и само 16.339 примероци во 2025 година.
Падот продолжува и оваа, 2026 година, кога во првиот квартал беа продадени само 3,420 примероци во светот (пад од околу 19%).














