Уличното дивеење резултирало со полициски час во Сент Луис

233

Според извештаите на полицијата на Сент Луис, Мисури, минатиот викенд, нелегалната улична “журка” во градот се претворилa во вистински хаос со огромна штета и последици.

Неколку полициски возила одговарајќи на пријави на телефонскиот повик 911 за дивеење по улиците, блокиран сообраќај, нелегален огномет и јавен неред, се приближиле до точката на настанот која делувала како сцена од филмскиот серијал “Брзи и бесни”.

Констатирале општ неред. Блокирани улици, толпа народ и голем број на паркирани возила.

Толпа од присутните, главно млади луѓе, ги заобиколиле полициските возила и ги попречиле во нивната намера да се приближат до местото на настанот.

Според извештајот од полицијата, во целиот хаос, една млада жена, која за среќа поминала само со полесни телесни повреди, била исфрлена од отворен прозорец на автомобил во движење.

Покрај општиот хаос, еруптирала и улична престрелка, во која учествувале најмалку три лица, а биле повредени шестмина.

Полициските единици искористиле и најмалку 50 патни барикади со клинци, за да спречат повеќе возила да избегаат од местото на злосторството, по што започнале општи приведувања на осомничените.

Веднаш по овој филмски метеж, во Сент Луис бил прогласен полициски час, а за младите престапници кои веќе неколку дена активно се бараат и приведуваат, се превземаат посебни законски мерки.

Властите изјавија дека за престапниците кои се сеуште малолетни, директната одговорност ќе ја понесат нивните родители.

Погледнете во оваа виде репортажа, што се’ се случувало во очигледно инфицираниот град Сент Луис во Мисури.

Реклама