И Кинески Chery развива супер брзо полнење

35

Кинескиот производител на автомобили Chery, непосредно по сериозниот бран придвижен од директниот конкурент BYD, и самиот влегува во развој на мрежа на супер брзи полначи.

Нивната технологија за брзо полнење ветува дека за пет минути на брзите полначи, автомобилите на Chery ќе обезбеди енергија доволна за минување на 500 километри.

Новиот систем го носи името Volt-Dragon Charging и пред некој ден беше промовиран во Кина.

Според официјалните податоци изнесени од страна на Чери, со новата технологија батериите од 10% до 80% ќе се полнат за пет минути, а од 10%-97% за шест минути и 50 секунди.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама