Порше има сериозен проблем во финансиските биланси последните две години.
Паѓа продажбата, прометот и профитабилноста.
Но тоа не ги спречува да развиваат нови проекти, како што е посочениот погоре. Неодамна Порше промовираше нов кафемат по цена како да купите еден солиден коистен автомат, од 7.070 евра.

Кафематот го носи името La Marzocco Linea Micra, кој својата инспирација ја црпи од моделот 911 Carrera RS 2.7
Ги користи боите на овој модел, има и спојлер како посочениот автомобил, а стрелките во црвена и зелена боја на покажувачите на притисокот во кафематот, повторно влечат инспирација од боите на Порше.
Секако, тука е и погото Porsche.

Резервоарот за вода собира сериозни два литри, а додадено е и LED осветлување, за дополнителен ефект.
Aко сакате повеќе информации за машината, следете го следниот линк.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













