Рено се подготвува за војна!

25

Француски Рено во соработка со белгиската компанија John Cockerill промовираше ново концептно возило, кое се користи без возач, има домет од 400 километри и има носивост од над еден тон, а може лесно да најде примена во воената индустрија.

Суштински, новиот прототип е смислен да оперира во области во кои постои високо ниво на опасност за луѓето, што повторно го издигнува како приоритетно – користењето во воени услови.

Forefront Concept има два електромотори, погон на сите тркала, управување со секое тркало.

Може да се управува од далечина и може да се движи на тежок терен и има сериозно ниво на маневрирање.

Во воени услови може да се користи за превоз на материјали, добавка на опрема и мунциија, извидување, евакуација на персонал и огнено дејствување.

Во приказната John Cockerill учествува со својата експертиза во сферата на системи за контрола на далечина, функции на автономија, одбрамбени системи и оперативна поддршка.

На долг рок, Forefront Concept е дел од мозаикот во кој западните држави се трудат да створат услови за целосно автономно војување во иднина.

Се разбира, покрај воената апликација, концептот, кој засега останува концепт и прототип, може да се користи и во мирнодопски услови, пред се во индустриски цели.

Реклама