Од Групацијата Стелантис велат дека единствениот начин за вистински да ја спознаете моќта на Алфа Ромео, е ако седнете во нез зад воланот.
Тргнуувајќи од оваа максима Алфа Ромео го организираше специјалниот настан Alfa Romeo Driving Academy, посетен на европските новинари, кој привлече 200 претставници од европските медиуми од 5 земји.

На Академијата се пробуваа сите модели од Junior и Tonale до Giulia и Stelvio, па се до високо перфромансните верзии Quadrifoglio.
Целото искуство беше организирано на начин да се обезбеди директна комуникација помеѓу возачите и машините. Од подесување на возечките позиции, соодветно на возењето на тркачка патека, па до темелно објаснување на сите динамички однесувања на моделите. Секој чекор дизајниран за да се транформираат перформансите на моделите во нивна вистинска контрола.

Следуваше секако и возење, под супервизија на инструкторите за возење на Академијата
Како што изјави генералниот директор на Алфа Ромео, Санто Фичили: “ентузијазмот со кој меѓународните новинари пристапија кон настанот е најдобрата потврда за уживањето во возењето, нешто што од секогаш било заштитен знакна Алфа Ромео. Нашите автомобили се направени за да инспирирраат вистински емоции кај оние кои седат зад воланот. Со Alfa Romeo Driving Academyнашата цел е да им понудиме можност на сите даго почувствиуваат ова во целост, да го чувствуваат од километар во километар, да видат кое е вистинското значење на тоа да се вози една Алфа Ромео, во комплетно безбеден и забавен начин. Сето ова не прави особено горди и ни дава мотив да ја зачуваме страста кја е тука од 1910 година.
Овој меѓународен новинарски настан доаѓа неколку месеци пред лансирањето на две нови понуди дизајнирани специјално за клиентите на Алфа ромео.
Првиот е настанот Quadrifoglio Driving Experience, кој ќе биде резервиран за купувачите на новата Giulia Quadrifoglio или новиот Stelvio Quadrifoglio: при што се предвидува еден ден на стазата во Варано де Мелегари, во кој инструктори од Возната Академија на Алфа Ромео ќе им даваат часово на купувачите, бесплатно. Или подобро кажано, со хонорар кој евеќе вклучен во цената на купеното возило.
Втората понуда е наменета за сите нови клиенти на Alfa Romeo/ Во неа секој нов купувач на возило Алфа, ќе добие пристап и специјални услови за користење на услугите на Возната Академија во Варано. Притоа ќе може да седнат зад воланот на најдобрите автомобили од гамата.

Иако во срцето на идејата се специјалните курсеви за безбедно возење, настаните ќе имаат и возбудливи моменти како што се специјални натпревари, рангирања и финални награди.
Курсевите започнуваат со подготвување на сетапот, седењето и позицијата, па со прва сесија на кругови на стазата, како практична примена на концептте кои претходно ќе бидат илустрирани во училница. Следува етапата со таканаречена минискид направа, која симулира лзгање на задницата при помали брзини, и на која се учи начиност на кој треба да се одговори со прецизно упраување и менаџирање на забрзувањето.
Секако, се учат и начините на сопирање со сесии на стазата надгледуван од инструкторите за возење со посбен фокус на итното сопирање и модулирано сопирање.
На стазата возилата може да се возат во присуство на иснтруктори во кабината, кои полека ќе ве вoведат во тајните на брзото возење, влегувањето во свијоци, користењето на вртежниот момент и моќта на вистиски начин.

На крајот доаѓа и GT стазата, на вештачи направена мокра подлога со области на мало прилепување на патот, при што се експериментира со активните системи за безбедност на возилото.
На оваа точка возилотое врзано со прецизен систем на мерење и анализа со кои ќе се мери брзината на кругот на возачите, а ќе се утврдува и анализира и способноста на секој студент при забрзувањето, управувањето сопирањето и брзината.
На крајот, секој возач ќе добие специјална и објективна проценка на способностите на кандидатите. На крајот настанот завршува и со свечено доделување на наградите за најдобрите.













