Вештачката интелигенција може да ги остави дизајнерите без работа

72

Вештачката интелигенција полека но сигурно, влегува во секоја сфера на општествениот живот и работа.

Во тој мозаик, секако влегува и автомобилскиот дизајн.

Според Карл Неухолд, шефот на надворешен дизајн на Шкода, вештачката интелигенција има огромен потенцијал и со своите алатки, како на пример со апликацијата Vizcom, многу брзо и прецизно може обична скица нацртана со рака, да ја конвертира во комплетен надворешен дизајн, со сите ултра реалистични симулации на начинот на кој се прекршува светлината, сенките и слично.

Тој изјави дека и самиот сериозно ја користи новата технологија, но истовремено, нме крие дека претераното користење на ВИ, може сериозно да им ја земе работата на луѓето со креативни способности.

Затоа, при новите вработувања, во Шкода од новите работници и приправници, задолжително се бара да приложат рачно цртани и скицирани модели.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама