Eлектричен рели концепт на Peugeot

41

Францускиот производител на автомобили Peugeot, на домашен терен реши да го претстави својот нов, електричен концепт e-T16, инспириран од легендарниот 205 T16 модел, кој беше крунисан како крал на WRC (светскиот рели шампионат) во 1985 и 1986 година.

Со тоа, дефакто се одбележуваат четири децении од победите на 205 T16 во рели шампионатот.

Моќта на концептот доаѓа од три електрични мотори, еден на предната и два на задната оска со комбинирана моќност од 816 коњски сили, доволни за да се оствари забрзување од 0-100 km/h за само 2,5 секунди.

А брзината од 300 km/h доаѓа за 16 секунди.

Погонот е на сите тркала и користи Torque Vectoring, или во слободен превод векторски вртежен момент со кој се менува дистрибуцијата на вртежен момент помеѓу тркалата и двете оски на возилото во реално време.

За сопирање, поставени се дискови од 380 милиметри.

Според Peugeot, концептот e-T16 во батеријата ќе има доволно енергија за да помине три круга на стазата на Нурбургринг, или околу 60 километри, без оглед на перформансите и начинот на возење.

Инаку, моделот треба да има домет од 400 km во WLTP циклус.

Во ентериерот е вградена екстремна верзија на новиот Peugeot i-Cockpit, со хиперправоаголен волан кој делува како клучен и централен контролен елемент.

Воланот работи со технологијата steer-by-wire, а пред воланот е поставен заоблен 21 инчен екран, а за комплетен спортски впечаток се грижат и специјалните спортски седишта.

Peugeot e-T16 засега останува само концепт, но нема дилема дека некои од неговите дизајнерски и функционални елементи ќе се искористат во некои сериски модели во иднина или во најмала рака кај автомобилите коисе подготвуваат за тркачките патеки.

Последната епизода од Темпо Магазин :

Реклама