Ok Mobility отвара своја фабрика за освежување на возилата

148

Компанијата OK Mobility, која нуди одлични решенија и пакети за изнајмување и лизинг на секаков вид автомобили, неодамна купи огромен имот во OK Village, во близината на Барселона, каде ќе врши освежување на своите користени автомобили.

Имотот на Оk Village се протега на околу 120.000 квадратни метри, од кои 40.000 се под кров. Комплексот ќе вработува над 50 луѓе, а опфаќа и инвестиција од над 5,5 милиони евра.

Во фабриката, користените возила ќе се работат во 8 ленти, со 300 точки на запирање во кои ќе се проверува комплетната состојба на возилата, како и 12 кабини за фарбање и лакирање во кои ќе се обновува бојата на поправаните возила.

Во фабриката ќе се употребуваат најновите методи на Smart Repair (поправки на мали каросериски оштетувања, на местото каде што се истите, без да се фарба целото возило), а оштетувањата ќе се регистрираат преку посебни нови скенери за детекција на каросериски оштетувања.

На тој начин, флотата на возила на OK Mobility ќе може да добива континуирано освежување и подобри перформанси.

Сосема очекувано, фабриката ќе работи со огромен фокус на чистата, обновлива енергија која ќе се регенерира со фотоволтаични централи и минимална употреба на вода.

Реклама