Jaguar Land Rover покрена уште една правна постапка, во која ја тужи Кинеската компанија BYD, чиј луксузен бренд Fangchengbao го лансираше моделот Ti7, а кој според луѓето од JLR претставува безобразна копија на нивниот Land Rover Defender.

Во тужбата ЈLR тврди дека не се работи само за копирање на надворешниот изглед, туку се копирани и механичките делови, компоненти и состави на нивната легенда.
Според правниот тим на JLR, Fangchengbao побарал и купил сериски модел на Defender, а потоа го растурил, соголил и безобразно копирал сите детали.

Постапката за одредување на вината, се води пред меѓународниот суд во Хаг.
Слични постапки JLR водеше и во 2019, против Jianling Motors Corporation во кој атврдеше дека моделот Landwind X7 е директна копија на Range Rover Evoque . Судот пресуди во корст на ЈLR a Landwind мораше да го повлече моделот од пазарот.
Како ќе биде овој пат, останува да видиме.
Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :













