Чешка Шкода… бега од Кина!

310

И покрај амбициозните очекувања од потенцијалот на кинескиот пазар, Чешкиот производител Шкода, според последните информации комплетно се повлекува од Кина.

Причина за ова е катастрофалната продажба во минатата, 2025 година, кога брендот кој дише под капата на Volkswagen Group, продаде само 15.000 возила!

Оваа лоша бројка е во рамки на негативниот тренд во последните неколку години.

Во 2021 година беа продадени- 71,200 возила, во 2022 – 44.600, следната, 2023 уследи пад на 22.800 единици, а во 2024 година беа продадени само 17,500 возила.

Интересно е да се напомене, дека истата, таа, Шкода во 2018 година испорача 341.000 возила! По овој резултат, во компанијата беа толку самоуверени што предвидоа пораст на продажбата во 2020 година од 600.000 возила.

Како резултат на ова продажно фијаско, одговорните од Volkswagen најавуваат дека Skoda за само неколку месеци, целосно ќе се повлече од пазарот во Кина.

Причини за очајните резултати на Skoda во Кина, веројатно се кријат во пост-ковид ерата во која експлодираа домашните производители на автомобили, со нови атрактивни модели, а и комплетниот пазар, освен домашните возила, започна да ги преферира електричните и хибридни возила.

Реклама