Volkswagen Group на “прес денот” на Саемот за автомобили “Auto China 2026” во Пекинг, направи три светски премиери на возила ексклузивно скроени за Кинескиот автомобилски пазар.

Jaвноста ги виде новите модели ID. AURA T6, ID. UNYX 09 и JETTA X concept, кои главно се засноваат на локална, кинеска технологија, што претставува дел од новата стратегија на Volkswagen за оваа земја позната под работното име “Smart Electric 2.0” или под паролата “Во Кина, за Кина”.
Стратегија со која брендот од Волфсбург, веројатно се труди да ги поправи продажните бројки и резултати, кои последните години во Кина се во слободен пад.
Како што објави генералниот директор на VW Group, Томас Шафер, ID. AURA T6 ја носи новата Електронска Архитектура (China Electronic Architecture) во важниот SUV семеен сегмент од средната класа.
Се работи за електричен SUV Crossover со пет седишта.

ID. UNYX 09 ја шири понудата на електрични возила која се работи заедно со XPENG. Се работи за електричен седан, кој треба да биде знаменосец во новиот подбренд на VW – ID. UNYX и кој се истакнува со новите VW логоа во златна боја.

A JETTA oтвара врати за паметните и најосновни NEV мобилити автомобили.
За оние кои не се упатени Jetta во Кина, не е само моделско име, туку име на суббрендот кој е формиран врз база на заедничкото вложување на FAW-Volkswagen.
Oвие модели главно ги таргетираат помладите купувачи, во влезниот сегмент на автоиндустријата.
А концептниот модел Jetta X Concept е електричен SUV кој треба да го поплочи патот на брендот кон електрификацијата.
Возилата кои овој бренд ќе ги лансира се тргетираат на цена од околу 14.700 американски долари, со што треба да им парираат на агресивните и исклучително флексибилни домашни производители.

Како што дополни Шафер, до 2027 година се очекува половина од портфолиото на Volkswagen да бидат NEV (New Energy Vehicles) во кои влегуваат возилата кои не се погонувани на фосилно гориво.
Се претпоставува дека суббрендот ЈETTA треба да го пополни местото на Skoda, која помалку збунувачки “си ги спакува куферите” и го напушти Кинескиот пазар.









