Новата А Класа на Мерцедес ќе оди на струја?

40

Според последните информации, најмалиот автомобил во гамата на Mercedes-Benz, популарната А-Класа, нема да згасне како модел.

Напротив, тој и понатаму ќе биде еден од најсериозните автомобили во својата класа и ќе остане сериозна конкуренција на BMW Series 1, и Audi A3.

Се очекува да остане восегментот на компактни хечбек автомобили, веројатно ќе ги зголеми за нијанса своите димензии и пропорции и ќе биде развиена на MMA платформата.

Тоа значи 800 Волтна архитектура која ќe овозможува исклучително брзо полнење на батеријата, а веројатно ќе има две батерии за избор од 58 kWh и 85 kWh.

Погонот се очекува да биде на задните тркала, а не е исклучена можноста да се развие и A Kласа со хибридна технологија.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама