Италијанскиот производител на пневматици Пирели, стекна огромна слава со својот култен календар на чии страни во едно друго време, се протегаа најубавите жени на планетата во еротско, никако невкусно издание.

Но овој формат, одамна веќе, не е во фокусот на Пирели.
Новите календари се изблик на уметничка форма, а нешто слично се случи и со изданието за 2027 година.

За следната година се подготвени неколку фотосесии направени во Индија, со исклучително популарни ликови од тоа поднебје, како што се Фрида Пинто, музичкиот артист Анушка Шанкар, поетот Рупи Каур.
Календарот кој постои и се печати 53 години, за прв пат, го работеа три фотографи кои и пристапија на Индија од три перспективи.

А како изгледаат страниците на овој култен календар, кој се печати во исклучително мал тираж, главно за партнерите на Пирели и VIP клиентите, можете да видите во неколкуте фотографии кои ги избравме за оваа пригода.
Погледнете ја последната епизода на Темпои Магазин :












