Жесток “камбек” на Tesla во Европа

288

Според последните продажни податоци од Dataforce, Американска Тесла, направи жесток камбек во Европа, во месец Март, оваа година.

Со 33.723 продадени автомобили, моделот Tesla Y направи огромен скок од 117%, споредено со Март, 2025 година и се најде на врвот на продажната листа во Европа.

Интересно е да се напомене дека моделот беше на 42-рото место во Јануари, 14-то место во Февруари, пред да избие на врвот во последниот месец од првиот квартал.

Експертите сметаат дека причина за овој скок, може да е внесувањето на опционалниот трети ред на седишта во Mодел Y, или за нијанса поефтините основни модели. Но како и да е, ова е одличен сигнал и импулс за разнишаниот технолошки џин на Елон Маск.

Зад Тесла во Март се позицинирани Nissan Qashqai со 27,832 продадени примероци и Renault Clio со 24,294 возила.

Добрите вести за Тесла не заираат овде, сериозен пораст од 55% прокнижи и Model 3.

Ако го анализираме целиот квартал од 2026 година, силниот скок во Март, сепак не беше доволен за лидерската позиција на Tesla Y.

Model Y со 51.468 возила е на втората позиција, зад лидерот Renault Clio со 55.763 продадени примероци.

Трети е VW Golf со 50.782 продадени возила, пред Nissan Qashqai (49.748) и VW T-Roc (49.291).

Реклама