На Саемот за автомобили во Париз, еден од најкомпентираните и пофалувани концепти, секако беше оној на штандот на Peugeot, под работно име E-T16.

Концептот на овој супер спортски мини хечбек, беше направен да потсети на легендарниот рели шампион – 205 Turbo 16, кој ги освои двете WRC титули во 1985 и 1986 година.
Според последните информации и интервјуто на Ален Фавеи, кој е генерален директор на Peugeot, компанијата ги има сите потребни елементи и опрема, за овој концепт да го направи сериски автомобил, уште следната 2027 година.

Моделот е електричен, опремен со три електромотори, еден на предната и два на задната оска, има погон на сите тркала и испорачува вкупна моќност од 816 коњски сили.
Од 0-100 km/h забрзува за само 2,5 секунди, а има домет до 400 километри.

Секако, овој модел и давлезе во сериско производство, нема да биде достапен на сите, прво и основно, затоа што се очекува неговата цена да достигне до 200.000 евра.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













