Tјунирана CUPRA ергела

47

На неодамнешните Перформанс Денови на Red Bull Ring во Австрија, CUPRA во соработка со Германскиот ABT ја покажа својата ергела на тјунирани спортски автомобили.

Специјалните пакети беа подготвени за Leon и Formentor, а во него се вклучени специјални 19 инчни алуминиумски тркала, аеродинамични спојлери, кровен спојлер и значки со името ABT.

На располагање стојат вкупно четири тјунинг пакети по два за Leon и два за Formentor, а ќе се сложите дека на сликите изгледаат одлично.

Цените не се објавени, но клиентите се повикуваат да ги посетат овластените дилерства каде веќе пакетите се достапни.

Реклама