Porsche и натаму тоне

588

Според последните статистички податоци, во првата половина од 2026 година продажбата на Porsche падна за дополнителни 16%!

Во периодот од јануари-јуни продадени биле 122,306 возила, споредено со 146,391 продадени примероци лани во истото време.

Најголем е падот, очекувано, во Кина со -32%, но и во Европа (без Германија) падот е драматичен – околу 14%, а во Северна Америка истиот изнесува -13%.

Во наведениот период единствена светла точка е моделот 911 со продадени 30,534 примероци , споредено со 25,608 возила продадени во 2025.

Како и да е, бројките и понатаму укажуваатна сериозната ситуација во овој премиум бренд од Volkswagen Групацијата.

Реклама