Германските производители на автомобили долго време се гордееа со своите фабрики во Германија, одговори за совршениот и беспрекорен Германски квалитет.
Но… новите времиња, новите конкуренти и новата состојба, наметнуваат нови правила.
Тоа го покажа и Мерцедес кој реши да го дуплира капацитетот на производство во Унгарија на 400.000 возила годишно, за што ќе вработи и дополнителни 3.000 работници (на веќе ангажираните 5.000).

Но притоа, зголемувањето на производството и вработените во Унгарија ќе значи и намалување на вработените и капацитетите во Германија.
Причината за тоа е прилично едноставна. Во Унгарија работниот час на работниците чини 15,6 евра додека во Германија, истиот работен час се плаќа 49,5 евра!













